Мали шишенца може да се искористат за правење на микрошпиритусни ламби.
Материјали
Шишенце од табаско сос или шишенце од фармацевтски производ (Сл. 1) како на пр. шишенце од хепарин со волумен 5 mL, парче тоалетна хартија, лепило за хартија, ножици, денатуриран алкохол, постамент за шишенцето.
Постапка
• Шишенцето треба да се отвори и исчисти. Етикетата може да се отстрани со топла вода и доколку има потреба се чисти со етанол.
• Фитилот за микрошпиритусната ламба може да се приготви од парче тоалетна хартија (според д-р Питер Шварц) со нејзино виткање во форма на цилиндер.
• На крајот од хартијата може да се стави лепак
• Со ножица се сече подготвениот фитил на соодветна должина.
• Чистото шишенце се става на постаментот и со пластична пипета се полни со денатуриран алкохол.
• Ставете го фитилот во шишенцето.
• Запалете ја микрошпиритусната ламба.
• Обидете се да ја изгаснете со покривање на пламен со епрувета.
• Затворете ја микрошпиритусната ламба со затворачот од шишенцето (Сл. 2). |